еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Основана „Балканска винска мрежа“ која ќе биде промовирана утре

Утре ќе биде промовирано основањето на „Балканска винска мрежа“ и стартот на реализација на проектот „Виното како мост што ги поврзува земјите од Западен Балкан“, а настанот ќе се одржи во М6 едукативниот центар од 10 до 13 часот.

На настанот ќе бидат присутни голем број здруженија на вински производители, сомелиери, и организатори на вински настани од целиот Балкан кои во наредниот период ќе работат на заеднички проекти поврзани во развој на винска индустрија, развој на лозарство, развој на вински туризам и теми кои се поврзани со идентификување на проблеми во сите сфери и нивно заедничко надминување.

Организации од Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово ќе потпишат меморандум за соработка со цел да ги спроведуваат сите дефинирани активности.

На настанот како гости ќе бидат присутни и лица од Бугарија, Словенија, Грција и Романија кои во иднина ќе соработуваат во насока за развој на Балканот како вински регион.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Редакција

НБ и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Редакција

Доделени осум нови стипендии од енергетските компании за студентите на ФЕИТ

Редакција