Од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информираа дека согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвориле предмет во врска со злоупотребите констатирани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во 2024 година.
Од таму велат дека предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













