Адора инженеринг им честита на среќните родители Снежана и Димитар Рунтеви и на новороденчињата, Анастасија и Габриел, кои се родија први во Новата 2020 година.
“Во изминатите 18 години во Адора се радувавме на многу новороденчиња, на многу млади брачни парови, на проширување на нивните семејства. Радоста беше голема кога се родија близнаци во две семејства на вработени во Адора, затоа чувството на радост, на нов почеток, на надеж за светла иднина, генералниот директор на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, искрено, од срце и душа ја сподели со родителите на првите новороденчиња во Новата година, посакувајќи им добро здравје, среќа, љубов, успеси во животот на целото семејство“, информираат од компанијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.