Дина Јашари се потпишува на тематската песна за „Лефти и Рајти“

Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари.

Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за „Лефти и Рајти“. 

На прашањето што претставува компонирањето на музика за „Лефти и Рајти“, Дина Јашари во последното интервју одговори:

„Ова е преубав предизвик за мене, чувствувам одговорност дека треба да направам музика што треба да допре до помалите генерации. Јас многу добро ја паметам музиката од цртаните со кои сум израсната, дури знам да си ги пуштам песните и ден-денес.“

Тематската музика ќе биде промовирана на почетокот на септември, а премиерата е најавена за крајот на ноември оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Хрватска имаат голем потенцијал за соработка, вели Миљана Драгичевиќ копродуцент на „Лефти и Рајти“

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести