Аудито кое го набави Мерко на продажба: Купено за 67.000 евра се продава за почетна цена од 10.000 евра

Аудито кое го набави поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, за кое беше гонет за злоупотреба на службената положба и заврши во суд, оди на продажба, одлучи Советот на Општината, пренесе телевизијата Алфа.

Како што е познато исто беше набавено за 67.000 евра, а ќе се продава на јавно наддавање за почетна цена од 10.000 евра.

Тоа е така оти е пресметана годишна амортизација од 15%, со што се дошло до почетната цена.

Истото било користено шест години, а било поправано два пати, во март 2024 и во јануари 2025 година, за што биле потрошени 4.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамиз Мерко ослободен за набавката на луксузното „ауди“, немало докази

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести