„Авиалог“ е компанијата која го доби тендерот за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

За евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток, досега се реализирани четири организирани летови.

Според податоци на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) се евакуирани 458 патници.

За реализиција на евакуацијата, МНР склучи договор за закуп на авион, со Авиалог ДООЕЛ Скопје, покажуваат податоците на Бирото за јавни набавки.

Истиот поради итноста на ситуацијата е склучен без објавување на оглас, а е во вредност од 59.799.900 денари или 972.356 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е компанијата “Авиалог“, со која МНР склучи договор за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести