Која е компанијата “Авиалог“, со која МНР склучи договор за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

За евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), како што пишуваше еМагазин, склучи договор со Авиалог ДООЕЛ Скопје.

Истиот поради итноста на ситуацијата е склучен без оглас, а е во вредност од 59.799.900 денари или 972.356 евра.

Досега се реализирани четири летови и се евакуирани 458 патници.

Која е Авиалог

Авиалог е друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал, и работи од 30. јануари 2007 година.

Основач и сопственик е Зоран Ацковски.

Лоцирана е во скопски Карпош и работи во областа на продажба и услуги на авионски транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Авиалог“ е компанијата која го доби тендерот за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести