еМагазин
Image default
Македонија

Автомобил удрил мечка на потегот Јанче- Ростушки Мост, може да биде агресивна, предупредуваат од НП „Маврово”

Националниот парк „Маврово” синоќа на Фејсбук објави информација за повредена мечка на делницата Дебар – Маврово, на  потегот помеѓу село Јанче и Ростушки мост, која би можела да биде агресивна откако ја удрил автомобил.

– Ве известуваме дека вечерва на потегот помеѓу с. Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна, велат од таму

Од таму додаваат дека доколку некој ја забележи, веднаш да ги извести службите на НП Маврово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основен суд Скопје 2: Решението за Бузаку е донесено по оставката на Реџепи и врз основа на одлуките на Ријасетот на ИВЗ

Редакција

Намалување за 32,3%: Минатата недела регистрирани 2.504 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Директорот на ФЗО, Ден Дончев поднесе оставка, поради „приватни семејни причини“

Редакција