Реконструиран е градскиот базен во Кавадарци.
Со реконструкцијата беа опфатени големиот и малиот базен.
Изграден е современ систем за филтрација и пречистување на водата, поставени се нови водни атракции и тобогани, детски водни реквизити и современо детско игралиште, а целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и сите придружни содржини.





За реконструкцијата беа потрошени околу 1 милион евра.
Парите се обезбедени преку вториот јавен повик на Владата.
Фото: Општина Кавадарци














