Процесот на спроведување на одлуките на ЕСЧП за Македонците во Бугарија трае предлого, кажа генералниот секретар на Советот на Европа, Берсе

И генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска во Скопје го кажа тоа што е општо познато – дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кои се однесуваат на правата за здружување на Македонците во Бугарија.

Како што е исто така познато станува збор за дури 17 пресуди во корист на Македонците во Бугарија.

На заедничката прес-конференција со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, Берсе, кажа дека активно се работело на спроведувањето на пресудите, ама подвлече дека процесот траел предолго.

Според него имало прогрес за прашањето последниот месец, но рече дека било потребно малку време, за да процесот не бил само симболично решение.

Прашан за десетгодишната забрана за влез во Бугарија на адвокатот Тони Менкиноски, кој ги застапува Македонците во Бугарија, Берсе не коментираше конкретни случаи, но рече дека заштитата на адвокатите е од суштинско значење во едно општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ОН реагира оти Бугарија не ги почитува правата на Македонците

Кој е адвокатот Тони Менкиноски, на кој Бугарија му забрани влез до 2036 година

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести