Во македонското Собрание денеска беше донесен Законот за Советот на јавните обвинители.
За истиот 64 пратеници гласаа „за”, а 15 беа “против“.
Со законот се зајакнуваат критериумите за избор на членовите на Советот, се регулира постапката за избор на членовите, се уредува дисциплинската постапка, постапката за избор на јавните обвинители, се зголемува јавноста и транспарентноста во работата на Советот и се уредува постапката по жалба и тужба при постоење на управен спор.
Законот претходно доби и позитивно мислење од Венецијанската комисија.














