Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначи Борис Настов за в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Симоновски, соопштија од Град Скопје.
Од таму додават дека Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, Бауер БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и во Министерство за финансии.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.