Категорија: Финансиска писменост

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

Народната банка овозможи нова веб-апликација „Споредба на податоците од банките и штедилниците за кредити и депозити за физички лица“, современа дигитална алатка наменета за сите граѓани кои сакаат лесно да ги споредат понудите на банките и штедилниците во земјава врз основа на транспарентни информации, информираат од таму. Апликацијата овозможува брз и

Прочитај повеќе

Финансиската едукација и дигиталната писменост се неопходни во услови на зголемени ризици и дигитализација, вели гувернерот Славески

На годишниот состанок на регионалниот проект за техничка помош во областа на финансиската едукација, поддржан од ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија, што се одржува во Сараево во организација на Централната банка на Босна и Херцеговина, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, истакнал дека во услови на зголемени економски

Прочитај повеќе

Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Според податоците од  платежната статистика на Народната банка,  и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози, информираат од таму. Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со

Прочитај повеќе

Недостигот на стручен кадар во рударството ја засилува потребата од соработка меѓу образованието и индустријата

Недостигот на стручен кадар сè почесто се наметнува како едно од клучните прашања за идниот развој на индустријата, особено во секторите каде што практичното знаење, техничките вештини и директното искуство се незаменлив дел од професионалната подготовка.  Според податоците на European Training Foundation, младинската невработеност во Македонија во 2024 година изнесувала 29%,

Прочитај повеќе

Антикорупциска отвори предмет за злоупотребите во ИЈЗ

Од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) информираа дека согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвориле предмет во врска со злоупотребите констатирани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ)

Прочитај повеќе

ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз, се вели во анализата на МАСИТ

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE. Анализата на

Прочитај повеќе

Изложба, претстава, награди за животно дело вечерва на отворање на 60. „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и

Прочитај повеќе

Македонија ги започнува преговорите за укинувањето на роамингот со земјите на ЕУ

Македонија и официјално ги започнува преговорите за укинувањето на роамингот со земјите на Европската унија (ЕУ). Имено Европскиот совет соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите за неговото укинување со земјава, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Моделот познат како „роаминг како дома“, ќе им овозможи на граѓаните од

Прочитај повеќе

Денеска во Тиват Самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во црногорското крајбрежно одморалиште Тиват, ќе се одржи нов Самит ЕУ-Западен Балкан. На истиот ќе учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан – Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, а Македонија ќе ја преставува премиерот Христијан Мицкоски. Истиот се одржува под мотото „Заеднички просперитет и стабилност

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести