Цената горивата се зголемува од 2 до 2,5 денари

Од вечерва на полноќ цената на бензинот Еуросупер БС-98 и на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената пак на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 2 денари.

Со новата одлука бензиниот Еуросупер БС-95 ќе биде 87 денари за литар, на бензиниот Еуросупер БС-98, 89 денари за литар, а на дизелот, 92 денари.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари и сега ќе се продава за 93,50 денари.

Цената на мазутот се зголемува за 0,846 денари и сега ќе изнесува 50,814 денари за килограм.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести