еМагазин
Image default
Локално

Чудесна Македонија: Скопјанец сам ја ограбил фирмата за која работи, па пријавил разбојништво-приведени две лица

Вчера полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба по добиени оперативни сознанија ги приведоа М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје а во врска со пријавено кривично дело разбојништво на 18.11.2020, при што бил одземен дневниот промет од фирма за брза достава на пратки.

„Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат с.Чифлик-с.Рженичино кај место викано кисела вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет,а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво.

По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава,“ се вели во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожари на „секој чекор“ во државата, има повредени

Редакција

Трговскиот центар „Ист Гејт“ продолжува нормално со работа

Редакција

Тројца скопјани нападнати во дискотека во Градскиот парк

Редакција