Од вечерва на полноќ Еуродизелот (Д-Е В) поевтинува за 6,5 денари, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Дизелот сега ќе се продава 85,50 денари за литар, Еуросупер БС-95 за 88 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 90 денари за литар.
Се намалува и цената на мазутот М-1 НС, за 3,238 денари и сега ќе се продава за 47,906 денари за килограм.
За 6,50 денари се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и сега ќе се продава за 87,50 денари за литар.
Фото: Унсплеш














