Дизелот поскапе за уште 2 денари

За два дена ново поскапување на Еуродизелот (Д-Е V). Од вечерва на полноќ цената на дизелот се зголемува за 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на дизелот порасна за 2,5 денари

Од утре тој ќе се продава за цена од 72 денари по литар.

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС.

Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 76 денари по литар, Еуросупер БС-98 за 78 денари по литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 70 денари по литар, а мазутот за 40,928 денари по килограм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако продолжи војната помеѓу Израел и Иран, инфлацијата ќе не дотепа

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести