Се работи на доекипирање во Државниот пазарен инспекторат, велат од таму за извештајот на Ревизија

Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) реагираат на извештајот на Државниот завод за ревизија и напоменуваат дека истиот се однесува на неговото работење во периодот од 2023 до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ревизија: Државниот пазарен инспекторат работи со преполовен број инспектори

Од 2025 година Државниот пазарен инспекторат активно работи на надминување на констатираните слабости и на воспоставување поефикасен и пофункционален систем на работа, велат од таму.

-ДПИ презема конкретни активности за отстранување на утврдените недостатоци, зајакнување на човечките капацитети, подобрување на финансиската и материјалната евиденција, како и унапредување на инспекциските постапки и дигиталните процеси.

Особено внимание се посветува на кадровското екипирање на Инспекторатот. Имајќи ја предвид широката надлежност на ДПИ и обемот на инспекциски надзори, за ефикасно исполнување на законските обврски, потребно е континуирано зајакнување на инспекторските капацитети.

Во делот на дигитализацијата, ДПИ со поддршка ЕУ работи на целосно ново системско – софтверско решение, компатибилно за потребите на Инспекторатот, кое би ги покрило сите работни процеси во институцијата.

Паралелно, се преземаат активности за унапредување на финансиското и материјалното работење, подобрување на евиденциите и постапувањето со средствата и предметите со кои располага Инспекторатот.

ДПИ посветува особено внимание и на контролата на безбедноста на производите, како една од значајните области за заштита на потрошувачите. Институцијата ќе продолжи да работи на зајакнување на капацитетите за контрола и обезбедување услови за континуирани лабораториски испитувања, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести