еМагазин
Image default
Бизнис

Душко Коцевски е новиот директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денес го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски, информираат од Општината.

„Со чест и задоволство прифатив да бидам нов в.д. директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар. Му благодарам на градоначалникот за укажаната доверба. Во следниот период, заедно со тимот, ќе работиме на подигнување на стандардите на работење на уште повисоко ниво.

Тоа значи подобри услуги за нашите корисници, соодветен простор за сите учесници во сообраќајот и организирање на јавниот простор за поквалитетно секојдневие во срцето на градот,“ изјави Коцевски.

Душко Коцевски е роден на 17.12.1988 година во Скопје, каде и го завршува основното и средното образование. Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, насока финансиски менаџмент. Моментално ги завршува постдипломските студии на CITY College Thessaloniki, International Faculty of the University of Sheffield, каде ќе се стекне со титулата Магистер по бизнис администрација (Executive MBA).

Земал учество на многубројни домашни и интернационални проекти за лидерство како што се: Програмата за одржливо лидерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј – Економски факултет – Скопје, Институтот за истражување на животна средина, градежништво и енергија (IECE), Универзитетот во Грац, Универзитетот во Љубљана и Универзитетот Витаутас Магнус, The LEADER Project, Ivey Business School (University of West Ontario).

Во својата кариера Душко Коцевски бил заменик директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, каде дојде на оваа позиција од менаџерска позиција во приватниот сектор во металната индустрија, a до неодамна беше и претседател на Извршниот одбор на ЈП „Паркови и зеленило“.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иван Штериев и Александар Стојков влегоа во Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност

Редакција

Препораки за корисниците на А1 Македонија, поради состојбата со корона вирусот

Редакција

МБА: Граѓаните да не се вознемируваат од неточни информации за банкарскиот систем

Редакција