Маж на возраст од 23 години од тетовското село Сараќино синоќа бил пронајден починат во езерото Факер, Австрија, пренесуваат тамошните медиуми.
Причината за смртта засега е нејасна, а неговото тело е дадено на обдукција.
Тој се водел за исчезнат од понеделникот, по што неговото семејство пријавило во полицијата.
Во четвртокот за негово пронаоѓање била организирана голема акција, откако на брегот на езерото биле пронајдени негови лични предмети.
Неговото тело било пронајдено од нуркачи кои учествувале во пребарувањето на езерото.
Починатиот бил сопственик на кафе-бар.
Фото: Унсплеш














