Вчера двајца малолетници од Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во градот.
Како што информираа од полицијата, тие го признале делото, а заедно со нивните родители во Полициската станица Радовиш со нив бил извршен службен разговор.
Запалката била одземена.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш. Нема повредени лица.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Фото: Унсплеш













