Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во четврток, 26.02.2026 година од 04:00 до 08:00 часот, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на трафостаницата „Васил Главинов“, информираат од компанијата.
„Во овој период без снабдување со електрична енергија ќе останат следните локации на територијата на градот Скопје: Населбата Север, Топанско Поле, дел од Чаир, дел од Шуто Оризари, Населбата Бутел, цело Визбегово и индустриските објекти во индустриска зона „Визбегово,“ велат од таму.














