За куќниот притвор за Груби одговорноста е кај Обвинителството, велат правниците

Одлуката поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој беше во бегство 14 месеци, наместо во затворски да оди во куќен притвор е топ тема во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор

Затворскиот притвор му беше одреден додека беше во бегство. Предлогот дојде од Основното јавно обвинителство, а Основниот кривичен суд Скопје го прифати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Го “уапсија” за да го однесат дома“: Реакции на социјалните мрежи за куќниот притвор за Груби

Освен јавноста, реакција стигна и од министерот за правда, Игор Филков, кој ги повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да свикаат итни седници и да утврдат дали има елементи за одговорност кај јавниот обвинител кој го дал предлогот и кај судијата кој ја изрекол мерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Сузана Јошевска Анастасовска, која Силјановска Давкова ја предложи за член на Судскиот совет

По тоа на Фејсбук реагираше членката на Судскиот совет, Сузана Јошевска Анастасовска, која напиша дека судија не смее да изрече мерка затворски притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор.

-Нема потреба од итна седница на Судски совет за да се расправа основно правило во кривична постапка, вели таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се обвинителот и судијата со чија одлука Груби заврши во куќен притвор

Каков имот пријавил обвинителот Даниел Коцев, кој побара куќен притвор за Артан Груби

Каков имот пријавил Артан Груби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести