Еве кои улици ќе бидат затворени поради протестот по повод 1. Мај

Протестот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе започне во 11 часот, пред Работничкиот дом, и од тие причини денеска ќе има затворени улици во центарот на Скопје.

„Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул. „Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. 11-ти Октомври“, право по ул. „Димитрие Чуповски“, десно по ул. „Васил Главинов“, право по бул. „ВМРО“, лево по бул. „Илинден“ до пред Влада на Р.С. Македонија во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје,“ информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вашиот труд како работници не се цени доволно, порачува ССМ и повикува денеска на протест

Сиљановска-Давкова: Имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести