Колкави надоместоци имале членовите на ОД на Фершпед лани

Во годишниот извештај за работењето минатата година објавен преку Македонската берза, Фершпед АД Скопје меѓу друго соопшти дека вкупно на сите вработени, вклучувајќи ги и членовите на Одборот на директори (ОД), вработени во Друштвото во текот на 2025 година, на бруто основа биле вкалкулирани 234.889 илјади денари за плати, регрес, награди, како и за други надоместоци од работен однос пропишани со закон.

-Во извештајната 2025 година беа вкалкулирани вкупно 32.759 илјади денари по основ на бруто плати, награди, осигурување и месечен надомест за учество во органи на управување на членовите на Одбор на директори вработени во Друштвото, како и 10.161 илјади денари на останатите членови на Одборот на директори кои не се вработени во Друштвото по основ на други примања – месечен надомест за учество во органи на управување, награди и примања по основ на осигурување.

Надоместоците на членовите на Одбор на директори по основ на членување во органи на управување во други друштва за извештајната 2025 година во бруто износ изнесуваат 1.800 илјади денари.

На член од Одбор на директори по основ на бруто плата кај друг работодавач му се исплатени 1.089 илјади денари, велат од таму.

Во ОД се Штерјо Наков, неизвршен член и претседател на ОД, Драган Наков, извршен член и генерален директор, Анета Лазарова, неизвршен член, Лидија Трајковиќ, неизвршен независен член, Игор Митев, неизвршен член и Иван Бошковски.

Наков истовремено членува во органите на управување на Хотели Метропол АД Охрид, Лотарија на Македонија АД Скопје, Фершпед Брокер АД Скопје и Европа АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фершпед лани со добивка

Фершпед ќе дели дивиденда од 720 денари бруто за акција

Штерјо Наков реизбран за претседател на ОД на Фершпед, син му Драган Наков за генерален директор на компанијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести