На престојното Собрание на акционери на Македонски Телеком АД Скопје, една од предлог одлуките е и зголемување на надоместокот на претседателот на Одборот на директори, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Актуелен претседател на ОД е Сашо Димитријоски, кој е и неизвршен член и во Одборот е како еден од преставниците на Владата, која е акционер во компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави надоместоци имале владините преставници во Одборот на директори на Македонски Телеком лани
Како што веќе објави еМагазин, неговиот месечен надоместок лани бил 155.000 денари нето, а со предлог одлуката се предлага тој да се зголеми на 250.000 денари.
На останатите членови на ОД пак се предлага надоместоците да им останат исти.
Владата е сопственик на 34,81% од акциите на Македонски Телеком, вклучувајќи и златна акција.
Преставници на Владата во ОД се и Игор Милев, Марин Алексов, Даниела Кржовска, Нусрет Зиба, Сеад Арслани и Александар Стоилевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкава дивиденда ќе дели Македонски Телеком














