Филипче најави политичко-кадровски промени во раководството, по изборите

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче најави политичко-кадровски промени во раководството по изборите.

„После ланскиот тежок пораз, после интензивна работа оваа измината година и пол, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период. Очигледно е дека е потребно, посебно во тие општини каде не го постигнавме посакуваниот резултат, да продолжиме со интензивна работа,“ рече Филипче од Аеродром.

Најдоцна до среда ќе донесат одлука, кого од кандидатите ќе поддржат во општините каде што немаат свои кандидати.

СДСМ во вториот круг на локални избори, кои ќе се одржат на 2 ноември, ќе се борат за 17 градоначалнички места.

Фото/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести