еМагазин
Image default
Македонија

Кривична од Финансиската полиција за службеник во Министерството за животна средина

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на службено лице – раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба.

– Раководниот државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање постапил спротивно на член 108 ст.1 и ст.8 од Законот за животна средина, на начин што без да биде извршен увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на барањата согласно законските прописи, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на ЈПДКО Дрисла Скопје, иако истите не поседувале соодветна опрема и инсталации за прием и третирање на 22 шифри на опасен отпад од наведените 36 во издадената дозвола, по што во текот на 2021 година во ЈПДКО Дрисла бил примен и третиран 16.900 килограми опасен отпад од неколку правни субјекти, со што пријавениот сторил и кривично дело Загадување на животната средина и природата согласно член 218 од Кривичниот законик на РСМ, а притоа наведениот правен субјект се стекнал со имотна корист во износ од 455.368 денари, се наведува во денешното соопштение од Управата за финансиска полиција. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот претседател Радев ги повтори условите за напредок на Македонија на патот кон ЕУ

Редакција

Ковачевски: Јас да бев на црната листа на САД, не само што ќе си поднесев оставка, туку тоа ќе го сметав за пораз во мојата кариера

Редакција

Ковачевски: Посакуваме Бугарија да избере Влада, која ќе биде стопроцентно ориентирана на принципите на ЕУ

Редакција