Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, призна дека новиот систем за контрола на границите на ЕУ (ЕЕС) се соочува со технички проблеми и дека се работи со земјите-членки за истите да се решат.
„Сè уште има многу работа за овие технички прашања да се решат заедно со земјите-членки“, изјави Фон дер Лајен од Ирска, која го презема ротирачкото претседателство.
Таа нагласи дека воведувањето на системот за влез/излез не ја променило правната рамка за движење и престој на патниците, туку создало потранспарентно спроведување на постојните правила.
Организациите АЦИ Европа, ИАТА и „Ерлајнс фор Јуроп“ побараа Европската комисија да им овозможи на државите целосно да го суспендираат EEС, барем во текот на јули и август.
„Времето на чекање на граничната контрола значително се зголеми, достигнувајќи и до пет часа во периоди на најголем сообраќај,“ напишаа тие во отвореното писмо до Европска комисија.
Со воведувањето на овој систем најголем проблем имаат туристичките дестинации, за што сведочат и километарските колони на границите со Грција.
Голем број држави, меѓу кои и јужниот сосед, инфраструктурно и технички не беа подготвени за воведување на овој систем.
Фото/Unsplash














