еМагазин
Image default
Бизнис

Фондот за иновации доделил пари на две фирми кои се пред затворање, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Помина повеќе од 1 месец откако го обелоденивме скандалот „Криминални иновации”, а криминалната влада на СДСМ нема намера да го повлече целиот криминален проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“На Владата на СДСМ треба да и се честита, бидејќи е единствената што заслужува грант за иновативност, во делот на иновативен криминал.

Замислете, Фондот за иновации кој еден месец се обидува да го заташка случајот глумејќи транспарентност заборави да објави неколку работи кои дополнително алудираат на тоа дека ова е најкриминалната Владата што воопшто била некогаш на власт во Република Македонија. Покриминална дури и од онаа Бранко во 90-тите.

Фондот за иновации доделиле пари на 2 фирми кои се со постапка на бришење и затварање во Централниот регистар по член 552 и тоа замислете, вкупната сума што им ја доделиле на фирмите кои се пред бришење изнесува 12.370.344 денари или вкупно 201.143 евра.

„Фирмата Омега Рисрч“ ДООЕЛ Скопје, каде што се јавува извесна млада девојка која веќе добила грант од Агенцијата за вработување претходно да ја основа фирмата, добива грант за проект за исклучителна иновација во областа на жива и органска козметика за нега на кожа, базирана на иновативна биотехнологија и Фондот за иновации за ова им доделува помош од 11.180.260 денари или 182.000 евра. Интересно е што фирмата нема ниту еден вработен, нема вработени и е во постапка на бришење, а самата фирма треба да инвестира 4.791.540 денари или 78.000 евра.

Еве јавно прашуваме, бидејќи јавно прашуваме не им е јасно на никој од граѓаните како е можно фирма пред бришење во постапка на затварање со ниту еден вработен да добие грант од 182.000 евра и да инвестира самата фирма плус уште 78.000 евра?

Втората фирма која е во постапка на затварање и бришење е фирмата „Мобидониа“ ДООЕЛ од Неготино која што треба да биде креатор на админ панели, добива грант од фондот во висина од 1.190.084 денари или 20.000 евра, а самата фирма треба да инвестира 520.000 денари.
Како е можно фирма која е пред бришење и затварање да добие грант од 20.000 евра и да инвестира самата уште 8.500 евра?

Вакво нешто до сега во работењето на трговските друштва и компаниите не е познато.

Дали ова е најсомнителниот дел од доделувањето на грантовите за „криминалните иновации”?
На кој начин овие фирми ќе ги инвестираат овие пари?

Дали воопшто имало критериум од Фондот за иновации дека фирма во постапка на бришење кога аплицирала смее да добие грант?

Ниедно образложение не ве пере. Докажавте дека цела влада сте најголеми криминалци. Треба да добиете награда за криминал.

Да дадеш пари на фирми пред затварање и без вработени е исто како да ставаш гориво во авион со цркнати мотори. Никогаш нема да полета.

Е ова е начинот на кој СДСМ се однесуваат со парите на граѓаните. 200.000 евра пари на граѓаните ги фрлаат во вода.

Јавното обвинителство уште веднаш да го земе во предвид и овој факт за доделување на грантови во овие 2 фирми, а инволвираните во целиот процес уште веднаш да си дадат оставки за да не пречат на истрагата.

Почитувани господа од Влада покажавте дека не сте достојни да водите ваква Влада. Вака не се оди во ЕУ и НАТО“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс со зголемена добивка во првите шест месеци

Редакција

Македонската берза организира „Инвеститорски ден“: Граѓаните ќе можат да купат или продадат акции без провизии

Редакција

Во блок-трансакција продадени 1.000 акции од Комерцијална банка

Редакција