Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот белгиски колега Максим Прево, кој од вчера е во посета на Македонија, утринава џогираа низ Скопје и истрачале шест километри.
Како што напиша Муцунски на својот Фејсбук профил тоа било одлична можност Прево да го види Скопје.
Како што се гледа од фотографиите трчале на кејот на Вардар, по улицата Македонија, покрај Музејот на ВМРО, а и на плоштадот Македонија, па Прево имал можност меѓу друго да ја види и нефукционалната фонтана заградена со цвеќиња, во која пропаднаа неколку возила изминативе години, една од „уникатните„ работи што можат да се видат само во Скопје.


















