Некои денови едноставно те носат надвор од вообичаеното. Малку природа, добра музика, дружење и кафе во рака – токму таков беше денот на Пелистер, каде NERA Caffè беше дел од open-air атмосферата на Project 7000.
Кај Инфо Центарот на Пелистер, со свеж планински воздух и музика во позадина, NERA Caffè уште еднаш покажа дека паузата за кафе нема фиксна локација. Понекогаш е во движење, понекогаш на пат, а понекогаш во природа и на добра забава.
Овој пат, NERA Caffè донесе и дополнителна доза забава. Посетителите можеа да ги тестираат своите сетила и да погодат кој NERA вкус го пробуваат без да го видат пакувањето, а за оние што точно ќе го препознаат вкусот следуваа NERA Caffè и брендирана NERA марама.
Меѓу музиката, разговорите, фотографиите и дружењето, NERA Caffè природно стана дел од денот – кафе во рака, без пауза од атмосферата и со вкус што оди секаде каде што те носи доброто расположение.
Затоа што не мора секогаш да знаеш каде ќе те однесе денот. Понекогаш е доволно само да излезеш од вообичаеното и да уживаш во она што следува.
NERA Caffè – Секаде со тебе, овој пат и на Пелистер.






ПР-објава














