еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Scalefocus отвара нови модерни канцеларии на 1.000 метри квадратни во строгиот центар на Скопје

Меѓународната ИТ компанија, Scalefocus која неодамна официјално го објави својот план за проширување со 300 нови инженери во Македонија, од пред неколку дена се „вдоми” во нови ултра-модерни канцеларии во строгиот центар на Скопје, информираат од компанијата.

Канцелариите со поглед на скопскиот плоштад, распространети на 1.000 метри квадратни, се наоѓаат во деловниот комплекс „Настел бизнис центар” и нудат ентериерни решенија препознатливи за сите канцеларии на Scalefocus насекаде низ светот – дизајнирани да ги задоволат и потребите на инженерите на новото време, но и специфичните барања за определени сензитивни проекти и клиенти.

„Нашиот нов дом во Скопје е создаден да овозможува дополнителен импулс во креативната работа на нашите луѓе. Заедничкиот простор за одмор и дружење за нас е подеднакво важен како и работниот, бидејќи тимскиот дух е во основата на нашата компаниска култура за создавање на големи проекти и споделување на знаење,” вели Горан Стојановски, одговорно техничко лице во Scalefocus.

Scalefocus работи со некои од најголемите компании и организации во светот, на проекти што понекогаш бараат посебни безбедносни протоколи поради сензитивноста на работата и токму затоа во новиот компаниски простор се предвидени и посебни „Security rooms”.

„Безбедните соби овозможуваат целосно безбеден развој на софтверски решенија и услуги, со јасни протоколи за влез, излез и дистрибуција на информации и луѓе,“ посочува Стојановски.

Покрај во Скопје,  Scalefocus свои канцеларии за развој има и во Софија, Пловдив, Варна и Бургас.

Доколку сакате да дознаете повеќе за можностите кои ги нуди Scalefocus, посетете ја веб страницата на компанијата за нови отворени позиции: careers.scalefocus.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ ќе регистрира фирми во Грција и Бугарија за набавка, дистрибуција и трговија со природен гас

Редакција

Дигитализацијата и забрзаниот економски развој, во фокус на годинешниот Самит на Македонија 2025

Редакција

Бобан Николовски нов директор на Царинската управа

Редакција