За пуштање во употреба на Телекомуникациската кула на Водно останува уште добивањето на употребна дозвола.
Информацијата на Фејсбук ја соопшти Орце Симов од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), кој информираше дека се завршени сите градежни работи.




Истата почна да се гради во 2013 година и претставува еден од највисоките објекти во Македонија.
Висока е 155 метри и е наменета за мониторинг и контрола на радиофреквенциите што ги користат телекомуникациските оператори, радиодифузерите и други комуникациски системи.
Има и административни простории, а на нејзиниот врв е предвиден панорамски ресторан со поглед кон Скопје.
Фото: АЕК/Симов














