На 75-годишна возраст доцна синоќа почина македонскиот легендарен актер Гоце Тодоровски.
Тажната вест ја соопшти неговото семејство.

Тодоровски беше роден на 30. април 1951 година во Кичево.
По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје.
Подоцна беше гостин и во други театарски куќи, беше дел од бројни театарски престави, телевизиски серии, филмови, хумористични радио емисии…
Имаше одлична соработка со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Димитрие Османли…
Беше дел од препознатливите телевизиски серии „Македонски народни приказни“, „Итар Пејо“, „Булки кај шините“, „Ајде да се дружиме“, „Трето доба“, “Хихирику„, „Во светот на бајките“, „Бушава азбука“, „Солунски патридии“, “Трст виа Скопје“, “Чук, чук Стојанче“…
Глумеше во филмовите „Шеќерна приказна“, “Учителот„, „Црвениот коњ“, „Записник“, „Ликвидатор“, “Тетовирани души„, „Среќна Нова ’49“, „Викенд на мртовци“, “Болва в’ уво“…, а ќе го паметиме и по улогата во „Женски оркестар“…
Ќе се сеќаваме на него и по бројните театарски улоги. Играше во “И бол и бес“, “Досада на самиот врв на највисоката власт“, „Џинот“, “Чија си„, „Болва во уво“…
Добитник е на бројни награди: наградата за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“, наградата „св. Јоаким Осоговски”, Орден за заслуги за Македонија, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“, наградата “23 октомври“…
Повеќе инфо за неговата богата актерска кариера ОВДЕ.
Фото: Македонски народни приказни/ТВ Сител














