Оваа година се одбележува 20-годишнината од соработките со познатите гостински дизајнери на H&M, иницијатива која длабоко го промени пејзажот на современата мода. За да ја прослави оваа јубилејна годишнина, H&M сега повторно ги споделува своите најлегендарни и најомилени колекции преку специјално издание на претходно саканите модели.
H&M ја лансираше својата прва дизајнерска колекција со Карл Лагерфелд, тогаш креативен директор на Шанел, во 2004 година. Иницијативата резултираше со револуција во модната индустрија, со тоа што ја направи достапна работата на најголемите дизајнери и брендови во светот, го прошири профилот на некои од најголемите креатори на модата и го зацврсти принципот дека одличниот дизајн ја надминува цената. Секоја соработка беше уникатна, одговарајќи на вредностите и принципите на гостинот дизајнер.
„Нашата цел беше да го претставиме светот на модата на клиентите на глобално ниво, притоа прикажувајќи ја нашата поврзаност со силниот, внимателен и оригинален дизајн. Тоа се поврзува со основниот етос на H&M: дека квалитетот и креативноста треба да бидат достапни за секого“, вели Ен-Софи Јохансон, креативен советник, H&M
Сега, љубителите на модата имаат втора шанса да стасаат до иконските парчиња од овие соработки, соработки кои ја издефинираа новата ера на модата, преку „претходно сакани“ иницијативата на H&M. Моделите беа набавени преку партнерства со омилениот глобален онлајн пазар Sellpy и глобалните винтиџ трговци на мало.
Давањето втор живот на облеката што претходно сте ја сакале е дел од посветеноста на H&M да се движи кон кружна модна економија, преку иновативни одржливи решенија за нашите клиенти.
„Преку работа со претходно сакани парчиња можеме да ги вратиме овие колекции на модните љубители, давајќи им можност одново да се вљубат во нив, притоа воведувајќи епохални модни моменти од H&M и врвните дизајнерски таленти во светот за новата генерација,“ изјави Јорген Андерсон, креативен директор во H&M.
Ексклузивниот избор содржи модели од целиот спектар на гостински дизајнери на H&M, од Виктор и Ролф до Версаче, Марни до Москино, Стела Макартни до Соња Рикил. Претходно саканите парчиња ќе бидат лансирани преку серија модни изданија во седум светски продавници и онлајн. Секоја од активациите во продавница ќе биде возвишено искуство што ги оживува колекциите на свеж начин.
Прво издание: Франција – Париз Лафајет, четврток 24. октомври.
Второ издание: Обединето Кралство – Лондон Риџент Стрит, петок 25. октомври.
Трето издание: Италија – Милан Дуомо, сабота 26. октомври.
Четврто издание: Соединети Американски Држави – Њујорк Сохо, недела 27. октомври.
Петто издание: Шпанија – Барселона Пасео де Грасија, понеделник 28. октомври.
Шесто издание: Шведска – Стокхолм Гетгатан и Дротнинггатан, вторник 29. октомври.
Седмо издание: Германија – Берлин Мите, среда 30. октомври.
Осмо издание: Онлајн – HM.com, четврток 31. октомври.
Дизајнерите вклучени во проектот за повторно лансирање се: Карл Лагерфелд (2004), Стела Макартни (2005), Виктор и Ролф (2006), Роберто Кавали (2007), Comme des Garçons од Реи Кавакубо (2008), Метју Вилијамсон (пролет 2009 година), Џими Чу (есен 2009), Соња Рикиел (пролет 2010), Ланвин (есен 2010), Версаче (2011), Марни (пролет 2012), Мезон Мартин Маргиела (есен 2012), Изабел Марант (2013), Александар Ванг (2014), Балмеин (2015), КЕНЗО (2016), Ердем (2017), Москино (2018), Џамбатиста Вали (2019), Симоне Роча (2021), Toga Archives (2021), Муглер (пролет 2023) и Rabanne ( есен 2023 година).
ПР-објава