За да се заштити, Европската унија (ЕУ) на идните членки планира да им „залепи“ клаузули во нивните договори за пристапување кои ќе имаат за цел да осигураат дека откако ќе бидат примени, ќе ги следат европските правила како членка пет, 10 или 15 години потоа.
Информацијата вчера ја соопшти еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Тие неколку години нема да имаат право да одлучуваат за прашања поврзани со буџетот, безбедноста и надворешната политика и да ставаат вето.
Оваа следи по бројните вета за клучни прашања за Унијата од нејзини членки во изминативе години, а ЕУ сака новите членки и по приемот да продолжат да ги почитуваат реформите во областа на демократијата, владеењето на правото и слободата на медиумите.
Фото: Игор Бансколиев












