Иран минатиот месец ја предупредил Бугарија, да не им дозволува на САД да ги користат нејзините аеродроми за авиони што учествуваат во воени операции во Иран, потврди Министерство за надворешни работи на Бугарија.
Нотата била испратена на 18. март, а иранската влада протестирала против присуството на американски воени танкери стационирани на бугарскиот аеродром “Васил Левски“.
Во неа, исто така било наведено дека „Иран го задржува правото да преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното право“.
Во однос на ова, заменик-министерот за надворешни работи, Марин Рајков изјави дека Бугарија не е во војна.
„Ниеден борбен авион не ја користи Бугарија за учество во воени операции. Одржуваме нормални дипломатски односи со Иран,“ додаде Рајков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Италија, Франција и Полска одбија да му помогнат на САД за војната во Иран
Фото: МНР на Бугарија














