Уште на старт одложено судењето против 13 полициски службеници за „Пулс“

За 20. април се одложи стартот на судењето за 13. полициски службеници за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани.

Станува збор за еден од трите предмети во кои се обвинети полициски службенци, посебни од главниот.

Денешното рочиште се одложи по барање на бранителот на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николова, поради тоа што тој истовремено имал обврска во друг притворски предмет со приоритет.

Освен Богатинов и Николова, во овој случај се обвинети и Дејан Салтировски, Ванчо Ѓорѓиевски, Марија Маневска, Томо Донев, Драган Петрушев, Стојанче Филипов, Благица Митева, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски.

Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Случајот го застапува обвинителката Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а судијка е Фанка Јанчулева Михаиловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Газдата на „Пулс“ не соработувал со полицијата, кога ќе фателе малолетници, кажаа сведоци на одбраната на тројцата обвинети полицајци

Тројца обвинети полицајци за трагедијата во „Пулс“ велат дека не се виновни

Поднесени три обвиненија и за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести