Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и размена на заложници

Израел и исламистичката воена група Хамас во Египет ја потпишале првата фаза од мировниот план со 20 точки на САД, која предвидува прекин на огнот и размена на заложници, пренесуваат светските агенции.

Според договорот откако Хамас ќе ги ослободи израелските заложници, Израел треба да ги повлече своите трупи на договорена линија и да ослободи палестински затвореници.

Планот меѓудругото понатаму предвидува и разоружување на Хамас, на што групата засега се противи, и воведување преодна влада во Палестина, предводена од меѓународно тело.

Од нападот на Хамас на Израел на 7. октомври 2023 година, во кој беа убиени околу 1.200 лица, а 251 беа земени како заложници, во окупираниот дел од Палестина, Појасот Газа беа убиени над 67.000 лица, од кои над 18.000 се деца, а Појасот е речиси срамнет со земја.

Се претпоставува дека 20 од 48. израелски заложници сè уште се живи, а останите (дел починати) беа ослободени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хамас се согласи да ги ослободи последните израелски заложници, но за остатокот од мировниот план на САД ќе преговара

Трамп предложи план за прекин на огнот во Газа, Хамас не го бендиса

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести