И Југоисточна Азија со загуби во туризмот поради кризата на Блискиот Исток

Земјите од Блискиот Исток деновиве бележат големи загуби и во туризмот, а истата судбина ги снајде и земјите од Југоисточна Азија, поради прекините на летовите во земјите од Персискиот Залив, кои се еден од најважните авијациски глобални коридори за поврзување на Европа, Азија и Африка.

Загуби веќе бележат Тајланд, Малезија, Индонезија, Виетнам…

Доколку војната во Иран, која трае веќе три недели, продолжи до осум недели, Тајланд на пример очекува загуба од дури 1,29 милијарди долари.

Дополнителен проблем за овие земји, како и за многу други низ светот, се новите повисоки цени на горивата, кои исто така ќе влијаат на туристичката индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија, Италија, Малта, Португалија и Хрватска ќе имаат корист од кризата на Блискиот Исток

Земјите од Блискиот Исток губат по 600 милиони долари во туризмот поради конфликтот

И авионските билети ќе поскапат поради кризата на Блискиот Исток

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести