Дали и присуство на цијанид било причина за смрт кај загинатите во “Пулс“ ќе дознаеме на судењето

Дали и присуството на цијанидни соединенија било причина за смрт кај загинатите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани ќе дознаеме на судењето.

Оваа е епилогот од вчерашната средба на дел од родителите на загинатите со директорот на Институтот за судска медицина во Скопје, Александар Станков.

Онаа што сега е познато е дека Институтот направил токсиколошки анализи за присуство на цијанидни соединенија во телата на загинатите, кои треба да дадат одговор на прашањето дали и тоа е причина за настапувањето на смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали и присуството на цијанид било причина за смрт, прашуваат родителите на загинатите во Кочани

Но, резултатите од истите Институтот неможе да ги сподели со родителите и јавноста, бидејќи тие ќе бидат изведени во текот на тековниот судскиот процес за пожарот во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако подзадоцневме неколку секунди, немаше да излеземе, кажа сведок на судењето за „Пулс“

Инспекторка кажа оти не го контролирала “Пулс“ оти работел под нова фирма

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести