Од четврток се менува времето, а до тогаш ќе биде претежно сончево и релативно топло со максимална температура до околу 25 степени, со мала до умерена облачност во некои делови од земјата.
Во четврток, како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно, а под влијание на постудена воздушна маса што ќе навлезе во регионот, ќе има постепен пад на температурите.
Од сабота, пак се очекуваат пообилни врнежи од дожд, кои ќе бидат почести и поконцентрирани на повеќе места, со услови и за локална нестабилност.
За време на викендот се очекуваат и пониски температури.
Фото: Унсплеш














