Нов акционер со над 5% во ЗК Пелагонија АД Битола е фирмата Канди инвест ДООЕЛ Скопје.
Таа сега поседува 14.233 акции, односно 7,02% од вкупниот број на акции на ЗК Пелагонија.
Како што веќе објави еМагазин, Дејан Панделески, пак не е повеќе акционер со над 5% во Комбинатот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дејан Панделески не е повеќе акционер со над 5% од акциите во ЗК Пелагонија
Која е Канди инвест
Како што објави порталот Пари, повикувајќи се на податоци на Бизнис Мрежа, станува збор за фирма што се занимава со трговија на големо со жита, суров тутун, семе и добиточна храна.
Основана е во јули 2024 година.
Единствен сопственик и управител е Зоран Илоски, бизнисмен со повеќегодишно искуство во раководењето со компании од земјоделско-прехранбениот сектор, меѓу кои и тетовски Жито Полог и Млекара Здравје Радово.
Бил и директор на Цип Продукт – мнозинскиот акционер на Пелистерка АД Скопје, како и неизвршен член на Одборот на директори на Пелистерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јове Кекеновски влезе во Одборот на директори на ЗК Пелагонија, Селаудин Арифи отповикан
4,1 милиони денари за надомест на членовите на ОД на ЗК Пелагонија лани














