Кучето од расата Караман стана првото признаено македонско овчарско куче со самостојно национално потекло, информираше за државната агенција МИА, претседателот на Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче Караман“, Илија Ико Каров.
Од 21.февруари тоа е дел од 378-те светски раси на кучиња на Меѓународната кинолошка мапа.
Целиот процес траел дури 20 години.
-Денес Македонија може да се пофали дека еден од нејзините живи симболи се веќе светски признаени и гордо го носат името македонско во целиот нивни назив, вели тој и нагласува дека ова не е победа на поединец, туку победа на непокор, како на членовите на клубот, така и на целата Македонија.
Оваа раса на кучиња потекнува од автохтоните планински кучиња кои со векови чувале стада низ македонските планини.
Значајна улога во процесот, како што вели тој, имале Влатко и Марјан Костовски, кои уште од 1999 година почнале со прибирање на првите примероци, изградба на боксови и создавање услови за систематско одгледување.
Фото: Фејсбук/Ико Каров














