еМагазин
Image default
Спорт

Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските боречки игри во Саудиска Арабија

Каратистите на „Макпетрол“ се Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпетрол“, обезбедија пласман на Светските боречки игри 2023 година кои ќе се одржат од 20 до 30 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

Трајковски ќе бори во категоријата под 85 килограми, а Стојановиќ ќе учествува во категоријата над 85 килограми.

Известување за пласманот на двата каратисти на „Макпетрол“ е испратено од организаторот на игрите, Светската карате федерација (ВКФ), до надлежните во Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

Со оваа информација се потврдува дека Стојановиќ и Трајковски се квалификувале на Светските боречки игри за возрасни до 21 година.

Сега се очекува Карате федерацијата на Македонија да испрати одговор до организаторот ВКФ дека двајцата македонски репрезентативци ќе присуствуваат на големиот турнир во Ријад, за што КФМ ќе треба да обезбеди и средства за учество.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва e големото финале на ЕУРО 2020: Англија и Италија ќе играат за титулата европски првак во фудбал

Редакција

15. јубилеј на „Виз Ер Скопски маратон“ со рекорд од над 12.000 пријавени од 58 држави

Редакција

Националното првенство во триатлон ќе се одржи на 20. септември во Дојран

Редакција