еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Картичките на Visa и MasterCard вон функција на банкомат или во трговија

Од Македонската банкарска асоцијација информираат дека во моментот дел од услугите на македонските банки, поврзани со картичните брендови Visa и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

-Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките.

По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација.

Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот Игор Јанушев

Редакција

39-годишен маж од Скопје загина во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Редакција

ЕДС Инфо Поинт: Просечната цена на струјата во декември повисока за 145 евра во споредба со претходниот месец

Редакција