Премиерот Христијан Мицкоски ја предводеше македонската делегација на Минхескиот безбедносен форум во Минхен, Германија.











Според информациите кои ги сподели на својот Фејсбук профил таму имаше средби со пратседателот на Украина, Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, со Ted Deutch, извршен директор на American Jewish Committee, Jared Cohen, претседател за глобални прашања и ко-раководител на Goldman Sachs Global Institute, со холандскиот премиер, Дик Схоф, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и со раководството на две компании, кои се веќе влезени на македонскиот пазар – 4IG и Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови Lidl и Kaufland.
Мицкоски учествуваше и на тркалезната маса “Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ”, каде како што напиша на Фејсбук, јасно ги претставил македонските позиции за проширувањето на Унијата.
-Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски во Минхен се сретна со Зеленски
(Фото) Кој се е во македонската делегација на Минхенската безбедносна конференција
Фото/видео: Влада














