На 77-годишна возраст почина актерката Ленче Делова

Од Драмски театар Скопје, нејзината матична куќа, информираа дека на 77-годишна возраст починала актерката Ленче Делова.

Делова е родена е на 15. јуни 1948 во Скопје.

Во Драмски театар настапуваше од 1964 година како актерка-аматерка, а во 1970 година стана членка на ансамблот каде играше сè до пензионирањето во 2013 година.

Ќе ја паметиме по улогите во театарските престави „Макбет“ „Вишновата градина“, „Чија си“…, како и телевизиските филмови и серии „Детективи“, „Илинден“, „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Чук Чук Стојанче“, „Тврдокорни“, „Еурека“, „Тетовирање“, „Болва в уво“, „Опстанок“, „Чернодрински се враќа дома“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, Македонски народни приказни“, „Светот има осум страни“, „Од денес за утре“, „Турни ме да Кинисам“, „До балчак“…

За улогата на Офелија во „Хамлет“ ја доби наградата „13 Октомври“.

Наградена е и за најдобра актерка за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“ на фестивалот „Војдан Чернодрински, каде во 2006 година ја доби и наградата за животно дело.

Фото: МНТ/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести