Можни излевања на Вардар, Треска и Црна: Предупредување од УХМР

Од обилните врнежи од дожд во последните 24 часа е зголемен водостојот на реките Вардар, Треска, Црна и други реки во западна Македонија.

Поради тоа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат на можни излевања и поплави во полошко, Пелагонија, охридско и струшко.

Реката Вардар може да предизвика поплави во Полошката Котлина, а можни се локални излевања на помалите реки и суводолиците и во гостиварскиот и тетовскиот регион.

Висок водостој се очекува и кај реките Сатеска и Коселска, како и кај останатите водотеци во охридско-струшкиот регион, каде на поедини места се можни локални излевања.

Реката Црна може да предизвика поплави во демиркапискиот и пелагонискиот регион.

Реката Треска пак може да предизвика поплави во близина на селата Пласница и Лисичани, а зголемување на нивото се очекува и кај нејзината лева притока – реката Кичевска.

За утре и вторник од УХМР најавија нови обилни врнежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Поради поплави евакуирани 180 лица во кичевско

Од утре заладување и нови обилни врнежи од дожд, во вторник и среда засилен северен ветер од над 60 км на час

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести